Скотланд Јард и формално го обвини поранешниот радиски Дј и ТВ водител Џими Савил за серија сексуални престапи врз малолетнички, извршени во минатотото, според обвинувањето водителот силувал најмалку 30 девојки од шеесетите години па се до неговото повлекување.
Има докази за две силувања и шест сексуални напади, но се разгледуваат дури 120 случаи кои биле пријавени и не е исклучено бројот на жртвите да се зголеми.
Севил кој довчера важеше за еден од најпоуларните и најугледните водители во Британија сега е срам и сите се оградуваат од него. Почина лани на возраст од 84 години и живееше живот полн луксуз и слава, дури и доби титула СЕР од кралицата која сега ќе му биде одземена.
По неговата смрт се сними и документарен филм во кои жените изјавиле дека биле силувани додека биле на возраст од само 15-16 години. По нивното сведочење лавина од жени пријавија дека истото им се случило, а меѓу нив и поранешни водители на Би-Би-Си кои признаа дека виделе и како тој се однесува со маолетничките. Би-Би-Си беше обвинет за прикривање на случајот, по што и јавно се извини за тоа што се случувало и најави и своја истрага зошто никој во компанијата не го спречил иако се знаело за неговата настраност.
Сите се оградуваат сега од Севил, дури и неговите роднини, побарале од управата на гробиштата каде е закопано неговото тело, да ја тргнат големата надгробна плоча, осрамотени од откритијата за неговата сексуална деликвенција. Која е отстранета ноќеска.