Дури 30 насто од невестите во Турција се под 18 години и неписмени


Фондот на ОН за население спровел истражување кое покажало дека 30 отсто од невестите во Турција се на возраст под 18 години.

Дури податоците велат дека 28 отсто од девојчињата кои склучиле брак во 2011 година, биле на возраст под 18 години (вкупно 181.000 девојки).

Турција си има мака и со договорени бракови. Регистрирани се околу 20.000 дела против семејства, кои дозволиле склучување брак на своите ќерки на возраст под 16 години, пренесува МИА.
Податоците велат дека девојките се даваат на мажачка и под 18 години поради економски причини, а на девојките се гледа како на товар во семејството.

Огромен е процентот и на неписменоста меѓу младите невести. Над 97 отсто од девојките кои се омажиле на возраст под 18 години, го прекинуваат своето образование, а околу 50 проценти од девојчињата кои рано се омажиле се неписмени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1