Христо „Ал Капоне“ Стоичков


Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња Христо Стоичков наводно, нокаутирал еден новинар на бугарски весник, по што бил приведен од страна на полицијата од Чикаго, јавуваат бугарските медиуми.

Против него е покрената истрага. Инцидентот се случил во понеделникот по прославата на 15 годишнината на фудбалскиот клуб Чикаго Фајер, кога новинарот го замолил Стоичков за интервју.

Како што пренесуваат бугарските медиуми полицијата во Чикаго ја примила пријавата од Светлозар Момчилов, сопственик на дневниот весник ,,Бугарија денес,, кој излегува во Америка. Тој тврди дека Стоичков му удрил бокс.

Поранешниот играч на Барселона, беше член на клубот од Чикаго во периодот од 2000 до 2002 година. Стоичков е сигурно најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња, но е познат и по своето агресивно однесување и кавгите кои што ги имал со судиите и останатите играчи.
Последните во низа инциденти се случија во 2008 година, кога Стоичков нападна еден фоторепортер на аеродромот во Барселона.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1