Починал Кемал Монтено? – менаџерот демантира


Веста за смртта на Кемал Монтено се прошири на интернет со неверојатна брзина. Според некои информации тој починал чекајќи пресадување на бубрег. Монтено мораше на пресадување, бидејќи по операцијата на срцето бубрезите престанале да му работат и бил на хемодијализа.

 

Иако речиси сите српски и босански медиуми објавија дека Монтено починал, неговиот менаџер ја демантирал веста и изјавил дека тој е се уште тешко болен, но е жив!

Познатиот пејач од Сараево страда од дијабетес и неодамна имаше проблеми со срцето. Му беше вграден пејсмејкер, бидејќи болеста со која се бори повеќе од 15 години, му го ослабела срцето.

Кемал Монтено е најпознатиот босански пејач-текстописец и еден од најдобрите композитори во поранешна Југославија. Роден е во 1948 година. во Сараево, каде што во втората половина на 1960-тите и ја започна својата богата и успешна кариера, и се појави во “Vaš šlager sezone” 1967. година.

Од тогаш, е миленик на фестивалската публика во Сараево, каде што редовно ги носеше првите награди како изведувач, автор и авторот на музиката. За “Vaš šlager sezone” создал некои од неговите најубави песни, а во доцните 1970-ти тука беа изведени неговите најубави песни, кои станаа еден вид на химна, “Сараево мојата љубов” (1976) и “Моја Земја” (1977).

Популарниот пејач Кемал Монтено има закажано концерт на 29 октомври во Големата сала на Сава центарот. По две години пауза поради здравствени проблеми, Кемал, како што рече, копнее по големи концерти и публика. Концертот беше под мотот9о ,, се вратив во живот.

Кемал Монтено ја отпеа и една од најубавите македонски балади ,, Кој да ти каже Ивана,, на Макфест

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1