УХМР со вонредна прогноза


Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места ќе се задржат под нула, информира денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе провејува снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Повремен слаб снег на места ќе има и во недела.

Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степена.

Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.

Максималните температури во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1