Демонстрантите го повикаа Иванов да им се придружи


Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи. Претставници од дијаспората пак порачаа: „Ние сме како војската на Александар Македонски.“

-Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и Иванов да протестира со нас. Да ги предупреди и да не ги продаваат македонското – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира“.

Жаклина Михајлова, која е писател, во анкета за медиумите порача дека Македонија е на Македонците.

-Не пасе народот трева. Сега е време да се обединиме. Нема слобода под туѓ јарем. Македонија е на Македонците. Да им покажеме на овие велепредавници дека Македонија е наша. Една свеќа запалете за Македонија. Оваа земја е како пиреј. Светот ни се смее нам. Не сум убедена дека лесно ќе поминат уставните измени. Да сум јас на нивно место (политичари), би се убила, рече таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1