Прекината седницата за уставни измени – продолжува утре во 13 часот


Прекината седницата за уставни измени – продолжува утре во 13 часот. Претседателот на собранието Џафери по излагањето на премиерот Зоран Заев ја прекина седницата со цел сите пратеници да го добијат на увид излагањето на Заев. 

75. седница за уставните измени, на која пратениците ќе ги утврдуваат предлог – амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, ја презакажа за утре во 13 часот …

Вкупно 78 пратеници гласаа „за” дневниот ред, што претходно го прочита претседателот на Собранието Талат Џафери.

За прогласување на амандманите е потребно двотретинско мнозинство, односно за нив да гласаат 80 од вкупно 120 пратеници во Законодавниот дом.

По прогласувањето на амандманите пратениците треба да го изгласаат и уставниот закон за нивно спроведување. Овие амандмани ќе бидат составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски претходно на прес-конференција информира дека е обезбедена поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија”, како што изјави и лидерот на партијата Христијан Мицкоски претходно пред Собранието, нема да учествуваат на седницата и нема да дадат легитимитет за промена на Уставот.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1