Заев до пратениците: Секој глас „против“ е глас за изолација


Премиерот Зоран Заев на седницата за уставни измени попладнево изјави дека ќе имаме име кое ќе биде признаено од сите.

Ние сме генерацијата што ги решава проблемите. Имаме кристална потврда за македонскиот идентитет, македонскиот идентитет за севкупна употреба, конечно. Македонскиот јазик ќе се користи слободно насекаде, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во третата фаза од уставните измени.

Заев рече дека ова е само еден од убавите денови кои ја чекаат Македонија.

„Вашата одлука е меѓу овие два избори“, им порача Заев на пратениците.

Тој ги повика пратениците да бидат дел од тие кои ќе ја однесат Македонија во европското семејство.

– Имаме договор со јасни обележја за нашата посебност. Никому ништо не сме подариле. Никој ништо не ни одзеде. Изберете помеѓу европска иднина и изолација. Светот гледа и очекува од вас државничка одговорност – порача меѓу другото од собраниската говорница Заев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1