Ја откри структурата на ДНК а му ја одземаат нобеловата награда поради расизам


На американскиот нобеловец Џејмс Вотсон, кој ја открил структурата на ДНК-та, му е одземена почесната титула бидејќи во новиот документарен филм покажал дека не се откажал од расистичките погледи, објави „СиЕнЕн“.

Вотсон, кој во 50-тите години на минатиот век заедно со Франсис Крик ја открил структурата на ДНК-та, во документарецот изјавил дека гените се одговорни за разликата во интелигенцијата меѓу белците и црнците.

Колд Спринг Харбург Лабораторијата (CSHL), која Вотсон ја водел од 1968 до 1993 година, коментарот на 90 годишниот поранешен шеф го нарекла “срамотен“.

Лабораторијата соопштила дека “недвосмислено ги отфрла неоснованите и безобѕирни лични ставови“ на овој научник.

Додава дека неговите изјави се “за секаква осуда и оти немаат никаква врска со науката“.

Славниот молекуларен биолог додал дека иако се надевал дека сите луѓе се еднакви, “луѓето кои вработуваат црнци воочиле дека тоа не е точно“.

Вотсон во 2007 година за британскиот весник „Сандеј тајмс“ изјавил дека “бил длабоко загрижен за иднината на Африка, бидејќи сите наши социјални политики се темелат на тоа дека нивната интелигенција е иста како нашата, додека истражувањата го покажуваат спротивното“.

CSHL поради овие изјави го лиши од сите административни должности, но се досега му ја задржа почесната титула.

И додека Вотсон се извинил за изјавите од 2007 година, во документарецот „Американските великани: декодирањето на Вотсон“ прикажан на 2 јануари изјавил дека не го сменил своето мислење.

Тоа била последната во низата расистички и ксенофобични изјави кои ја одбележале кариерата на Вотсон.

Во 1997 година за британскиот „Сандеј телеграф“ изјавил дека на жените би требало да им се дозволи да абортираат без оглед на причината, “дури и доколку фетусот носи ген за хомосексуалност“.

На предавањето во 2000 година, Вотсон зборувал за тоа дека постои врска меѓу телесната тежина и амбициозноста на луѓето, како и меѓу бојата на кожата и сексуалните вештини.

„Затоа латиноамериканците се добри љубовници“, изјавил Вотсон, според Асошиејтед прес, кој цитирал луѓе кои биле на предавањето: „Никогаш не сте слушнале за англиски љубовни. Само за ’англиски пациент’“.

Во британскиот документарец од 2003 година, добитникот на Нобеловата награда за медицина од 1962 година сугерирал дека глупавоста е генетска болест која треба да се лекува, наведува „СиЕнЕн“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1