Манекенка од Белорусија , која тврдеше дека има докази како Русите му помогнале на Доналд Трамп да стане претседател , се појави во синџири на суд во Тајланд , зашто држела ,,курсеви по секс”.
Анастасија Вашукевич , позната како ,,Настја Рибка” е во притовр од минатиот февруари по апсењето во рација во туристичкото место Патаја на Тајланд. Таа се ртовари за седум кривични дела , меѓу кои и проституција.
Рибка отпатувала на Тајланд по скандалот со рускиот алуминиумски милијардер Олег Дерипаска , поранешен соработник на некогашниот водител на кампањата на Трамп, Пол Манафорт. Манекенката во необичен исказ кажа низа детали за вмешаноста на Кремљ во претседателските избори во САД.
Но , бидејќи немаше докази , нејзиното тврдење беше прикажано како забава за јавноста.
Полицијата на Тајланд , откако ја уапси манекенката тврди дека таа и нејзиниот гуру , Русинот Алекс Кирилов , прекршиле неколку закони за пристојно однесување. Кирилов , пак тврди дека некој наредил апсење на Рибка , а смета дека тоа е Вашингтон.
Таа напишала и книга за заведување милијардери , па за тоа има проблем и со руските закони и се плаши од депортирање во Русија.
Дерипаска лани доби судски спор против Рибка поради нарушување на приватност , зашто таа објавила видео во кое се гледа како Дерипаска се дружи со потпретседателот на руската влада, Сергеј Прихотка.