Нема одложување на почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година.
Ова е еден од заклучоците кои денеска ги донесе Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а попладнево ги соопшти д-р Жарко Караџовски, член на Комисијата.
По завршувањето на состанокот на Комисијата, тој рече дека вкупниот број заболени од морбили во Македонија од прогласувањето на епидемијата во Радишани во декември, до денеска изнесува 58.