Полицијата трага по 15-годишна девојка која била пријавена како исчезната од страна на нејзината 47-годишна мајка. Таа ноќеска на полноќ го пријавила случајот во полицијата, откако нејзината ќерка не се вратила дома.
„На 17.01.2019 година во 00.00 часот Д.В.(47) од Скопје пријавила дека од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 15 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.