Грчката Влада ќе испечати десетици илјади копии од договорот за нормализација на односите со Македонија со цел граѓаните да се информираат пред парламентарната дебата за ратификација.Канцеларијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска соопшти дека тој документ ќе биде објавен во неделното издание на весниците во Грција.
Грчката Влада истакна дека „има намера да го информира и последниот грчки граѓанин” за аспектите на договорот со Македонија.Грчкиот Парламент синоќа изгласа доверба на Владата на Ципрас, што ќе овозможи ратификација на договорот.