Грчката Влада ќе испечати копии од Договорот од Преспа за да ги информира Грците


Грчката Влада ќе испечати десетици илјади копии од договорот за нормализација на односите со Македонија со цел граѓаните да се информираат пред парламентарната дебата за ратификација.dogovor grcijaКанцеларијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска соопшти дека тој документ ќе биде објавен во неделното издание на весниците во Грција.

Грчката Влада истакна дека „има намера да го информира и последниот грчки граѓанин” за аспектите на договорот со Македонија.Грчкиот Парламент синоќа изгласа доверба на Владата на Ципрас, што ќе овозможи ратификација на договорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1