Фото: На 2 год дете во ресторан наместо сок од јаболка му дале виски – завршило во болница


Оваа фотографија е сликана за време на прославата на роденденот на малиот  Сони Рис, и без да е свесна мајката го сликала токму моемнтот кога 2 годишниот Сони се подготвува да испие ,,сок од јаболка,, но во чашата не бил сок од јаболка туку виски, поради што малиот Сони завршил во болница.

,, Му нарачавме на детето сок од јаболка растворен со вода – секогаш така го пие, кога вработените ја донесоа чашата јас го терав со сила да пие, дури и му велев пиј ќе те сликам, бидејќи јадеше солено и многу трчаше па не сакав да дехидрира,, вели мајката 34 годишната Нина Рис.

кутрото детенце ја слушало мајката и испило околу 40 проценти од чашата околу 10 голтки, но додека пиело правело ,,фаци,, мајката се посомневала да не е расипан сокот и земала да проба. Следел шок !!

 

,, се напив од цевката и стомакот ми се преврте. Тоа внатре беше виски или некој друг јак алкохол. Иако растворен со вода и грлото ме запече и стомакот, како ли му било на Сони,, вели револтираната мајка.

Во ресторанот Frankie & Benny во Суонси кога веднаш во паника ги повикала келнерите тие дрско и одговориле дека нема шанси тоа да се случи, а мајката детето трчајќи го однела во болница.

На детенцето му го испрале стомакот и го пуштиле дома. Нина ги пријавила, и дури откако најмила адвокат и се јавиле од ресторанот да и се извинат и и дале 50 насто попуст на роденденската сметка.

ветиле и дека ќе спроведат истрага.

Портпаролот на Френки и Бени изјави: “Компанијата неверојатно жали за тоа што се случило. Тоа беше човечка грешка и ние ќе се осигураме дека никогаш нема да се случува повторно.

Утврдено било дека во истиот момент кога мајката на Сони нарачала сок, некој нарачал виски растворено со вода и келнерот ги побркал чашите. Ќе следи и официјална пријава за ресторанот од страна на семејството на малиот  Сони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1