Заев: На Централен одбор во петок ќе одлучуваме за евентуални предвремени избори


Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори на пролет, во пакет со евентуални предвремени парламентарни избори, ова денеска го потврди првиот човек на комисијата Оливер Дерковски.

Според него, самиот факт што е изборен циклус не треба да влијае доколку се оди на двојни избори, но таквата одлука ќе има финансиски импликации. Прашан за избирачкиот список, Дерковски вели дека во минатото тој се користел од политички причини, но дека нема реални проблеми со него.

Партиските органи на владејачката СДСМ во петок ќе одлучуваат дали да се оди на предвремени парламентарни, во пакет со претседателските избори. Премиерот Заев денеска од Владата, не ја исклучи опцијата за двојни избори.

Барањето за предвремени парламентарни избори го упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ноќта на гласањето за уставни измени, а идејата за двојни избори ги разбуди и партиските штабови во останатите политички партии.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села вчера истакна дека се уште немаат став за претседателските избори, но се за предвремени парламентарни избори.

Од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов пак испратија барање, доколку има предвремени избори, Македонија да биде една изборна единица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1