Mлад Индиец бил нападнат и изеден од лавови во зоолошка градина пред шокирануите посетители.
Несреќата се случила во зоолошката градина во градот Чатбир во државата Пенџаб. Вработените изјавиле дека момчето на околу 20 години се качил на ѕидот на живеалиштето на лавовите , додека обезбедувањето настојувало да го врати назад. Тој не ги послушал и скокнал меѓу лавовите.
Веднаш откако влегол во живеалиштето на лавовите , кон него тргнале мажјак и женка, по што го нападнале и изеле пред очите на шокираните обезбедувачи и посетители. Животните го мрцвареле момчето цели десет минути , а страшната сцена ја гледале посетители во два автобуса.
Жртвата била однесена во болница , каде била констатирана смрт. мажот кај себе немал документи , така што се уште не е познат неговиот идентитет.