Храбра мајка го прекинала лекувањето од леукемија за да роди бебе, но починаа и бебето и мајката


Младата Брајана Раулингс направи вистински херојски поддвиг , прекинувајќи ја терапијата за леукемија , само за да роди бебе.

Но , за жал по само 12 дена бебето почина , а битката за живот ја изгуби и храбрата мајка. Таа на 19 години почина , бидејќи се откажа од терапијата за тешката болест за да му овозможи непречен развој на неродениот син Кајден. Брајана неодамна на својот профил на Фејсбук објави фотографија со бебето , кое го родила со итен царски рез.

Девојката од Сиднеј била во 17 недела од бременоста , кога и била дијагностицирана тешка форма на леукемија . Докторите и рекле дека може да избира – дали да ја прекине бременоста или да се лекува.

Младата Брајана се решила да го роди бебето со што ги преполовиле шансите за да преживее. Сепак , поради силни болки и компликации , морала да го роди синчето три месеци порано .

По породувањето , нејзиното здравје малку се поправило , за потоа нагло да се влоши и да почине по само два дена од 19. роденден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1