Американскиот весник „Глоуб“ тврди дека поседува доказ кој покажува дека принцезата Дајана е убиена во возилото за брза помош? ВНИМАНИЕ експлицитни фотографии!!!!!
„Дајана е убиена во Амбулантното возило“, гласи насловната страна на американскиот таблоид „Глоуб“, списание кое во новиот број тврди дека поседува нови докази за смртта на британската принцеза.
Иако минаа речиси 15 години од смртта на лејди Ди, сеуште во јавноста постојат гласини за завера против поранешната сопруга на принцот Чарлс, во која биле вклучени британското кралско семејство и тајната служба.
Последната во низа гласини ја лансираше магазимот „Глоуб“ кој тврди дека принцезата била ликвидирана во амбулантното возило додека ја пренесувало во болницата по страотната сообраќајна несреќа која што се случи пред 15 години.
Списанието ја негира официјалната верзија по која Дајана и нејзиниот тогашен партнер Доди Ал-Фајед, не биле врзани со сигурносен појас, во моментот на сообраќајката. Весникот тврди дека принцезата доживеала судар во парискиот тунел, но дека подоцна е убиена во возолото за итна помош.
„Глоуб“ тврди дека поседуваат доказ кој ќе ја потврди нивната верзија за убиството и со кој еднаш засекогаш ќе се реши мистеријата околу смртта на Дајана.
Принцезата го загуби животот во сообраќајната несреќа во парискиот тунел Алма, на 31 август 1997 година.
Според официјалната верзија, до несреќата дошло кога автомобилот во кој се наоѓала Дајана со својот партнер Ал Фаједом, удрил во зидот на тунелот во центарот на Париз. Дајана почина на 36 години.