Трудницата Јана Кумбуровиќ, нејзиниот сопруг Ратко и нивната 12-годишна ќерка се удавиле вчера враќајки се со чамец од манастирот Врањина, на Скадарското езеро.
Сите тројца и уште четворица посетители на манастирот на островот на Скадарското еџеро, со чамец оделе кон копното, а ги превезувал игуменот на тој манастир.
Кумбуровиќ, Вујошевиќ и уште неколку семејства вчера биле на литургија во манастирот по повод именденот на игуменот Неофит.
Радојица Рашовиќ кој заедно со смејството, игуменот, Вања и Лилјана Рашовиќ бил во чамецот раскажал како се случила несреќата.
-Ние бевме последна група, ние девет. Тргнавме околу 14:30 часот од манастирот кон копното, да си одиме дома. Одеднаш започна големо невреме, удираа големи бранови на езерото и дојде до голема несреќа. Чамецот се потпи и целото семејство се удави – трудница во четвртиот месец од бременоста, нејзината ќерка, сопругот и Дарко Вујошевиќ од Куча. Почнавме да пливаме, кој може да се спаси. И они можеа да се спасат – таткото и мајка, но го спасуваа детето и така дојде до несреќата. Трагедија. Голема и тешка – рекол Рашовиќ.
Тој раскажал дека кога чамецот се потопил, мајката прва се обидела да го спаси детето, но не можеле да се изборат со брановите.
-Прво ја виде и ја фати Нина под рамена, па брановите ги поклопија, потоа малце се извлече, па детето почна повторно да тоне, па ја фати за коса и двете потонаа. Ратко тргна по нив, па и тој почна да се дави. Дарко тргна да им помогне, им пружи даска, но бран го поклопи и тој се удави. Нас гардеробата ни отежнуваше, бегавме лево-десно кон крајбрежјето, некако се спасивме – раскажал Рашовиќ и рекол дека едвај издржал додека стигнал до брегот.