Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече„не знам што се случи, имавме несреќа“.
Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусоу, ужасно беше, раскажува за трагедијата за 24 инфо гостиварец, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар. Момчето треба да биде оперирано во текот на ноќта.
Многу гостиварци не ги нашле своите блиски на местото на несреќата.
„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел кон стариот пат за Групчин каде беа паркирани возилата на итната помош.