ИВЗ се жали дека е дискриминирана – на Владата ѝ се закани со 700 џамии


Македонската влада и Исламската верска заедница (ИВЗ) деновиве си разменија писма во кои преовладува остар тон, и во кои „се бројат денови“ за решавање на проблемот со вакувски имот, кој е предмет на денационализација.

Најпрвин поглаварот на ИВЗ, Реисул-Улема Х. Селејман ефенди Реџепи испратил писмо до претседателот на Собранието, до претседателот на Владата и до Комисијата за односи со верските заедници во кое се наведува дека „ИВЗ по долго и трпеливо чекање, се обраќа за итно да се преземат соодветни мерки за конечно да се вратат имотите“. Потоа дојде и одговорот од Владата, која реагира на остриот тон, но и најавува и постапка пред Јавното обвинителство.

Како проблем ИВЗ ги посочува Хусамедин пашината џамија во Штип, која била заведена на име на друга верска заедница, нерешавањето на статусот на верските објекти во село Лажец Битолско, како и со реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид.

ИВЗ дава рок од 10 дена да се решат проблемите со овие наведни имоти, а доколку тоа не се случи „со проблемот ќе бидат запознаени надворешни фактори во земјата и медиумите“.

„Бараме итна заштита од ваквата дискриминација со тоа што ќе престанат сите незаконски дејствија на државните органи против ИВЗ и граѓаните од муслиманска вероисповед како нејзини членови, и ефикасна заштита на нашите имотни интересни права. Пред почетокот на кампањата за претседателските избори, поради големиот притисок од страна на муслиманските верници ќе бидеме принудени во 700 џамии во земјава да ги информираме верниците за оваа долготрајна дискриминација што се врши кон ИВЗ и нејзините членови, со сите последици врз општествените односи во земјава“, се истакнува во писмото потпишано од поглаварот на ИВЗ.

Писмото до наведените адреси било примено на 21 март, а одговорот од Владата е испратен денеска.

Во него се наведува дека Македонија е секуларна држава, верските права и слободи се остваруваат преку градење меѓусебна доверба, а не преку закани и ултиматуми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1