Четиринаесетгодишната Јулија Висотскаја доживеала струен удар, а потоа се удавила во када во својот дом во Чебоскариј во Русија.
Нејзините родители веднаш повикале Итна помош, но било предоцна. Медицинските работници можеле само да констатираат смрт.
Станува збор за трет ваков случај во една година во Русија, и покрај многуте предупредувања.
Во декември 15-годишната Ирина Рибиникова, мајстор во боречки вештини, починала додека го користела својот „ајфон“ кој се полнел додека била во када.
Ксенија П. 12-годишно девојче од Русија слушало музика додека телефонот бил на полнач. Нејзината мајка ја затекнала мртва во када, а главата ѝ била под вода.