Мицкоски: Ќе се борам за втората Македонија, онаа за која е нашиот завет


Нашата држава се наоѓа пред крстосница и изборите кои следат не се само одлука за претседател на Република Македонија, тие се многу повеќе од тоа, тие се одлука за тоа каква Македонија сакаме, понижена, криминална, ограбена, без вредности и принципи, или праведна, горда, со подадена рака кон оние кои што вредат, и со концепт и визија за иднината. Јас се борам за оваа втората, за втората Македонија, онаа вистинската, онаа која што е нашиот завет, онаа која што не инспирираше да сме токму тоа што сме.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ораторската вечер организирана од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние не треба да се откажуваме и треба да се бориме. Затоа што, запаметете го ова, ова ви го кажувам како постар брат, не како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не победува ниту побројниот, ниту помоќниот, туку победува мотивираниот и храбриот, а јас овде во оваа просторија денеска гледам храбри и мотивирани млади луѓе да му застанат на патот на оваа зло кое што како дамаглов меч нависнало над нашата татковина и сигурен сум дека на таа битка заедно ќе победиме. Треба да победиме најпрво на 21-април а потоа да победиме и на 5-ти мај, а јас сум убеден дека потоа ќе победиме на следните предвремени парламентарни избори. Ви посакувам успешна работа, да уживате во овие ваши мигови, да го дадете максимумот и не престанувајте да се борите и престанувајте да сонувате. Ајде заедно да го сонуваме сонот за Македонија, а успехот на крај ќе дојде, да немате дилема, порача Мицкоски пред младите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1