Почина Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ


Мирјана Марковиќ, сопруга на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ и поранешна лидерка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ) почина денеска. Марковиќ живееше во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период.

Во 2005 година Србија распиша потерница по неа, со што веднаш штом би дошла во Србија, би била уапсена.

Според српоските медиуми Мира Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, имала сериозни здравствени проблеми и се бори за живот на руската клиника во Сочи.

Според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми, таа веќе имала четири тешки хируршки интервенции зад себе по кои дошло до компликации.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1