Древните храмови не се оштетени: Четворица во болница по удар на гром во Акропол


Бура ја зафати Атина во текот на вчерашниот ден при што од удар на гром во Акропол се повредени четири луѓе.

Од ударот е скршен прозорецот на чуварската куќичка, па две жени и двајца чувари кои биле во куќичката поради полесни исекотини се превезени во болница.

Жените по прегледите се пуштени, а чуварите се задржани од превентивни причини.

Древните храмови Партенон и Ерехтејон не се оштетени, бидејќи молњата удрила во громобранот кој е издвоен од градбите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1