Атина се подготвува за невреме, грчкиот Акропол затворен за посети


По најавите од грчката метеоролошка служба за големо невреме во денешните попладневни часови, властите во Атина издадоа наредба за затворање на грчкиот Акропол за посетители.

Оваа одлука доаѓа откако вчера, од удар на гром во археолошкиот локалитет, полесно беа повредени четири лица и пренесени во болница. Министерството за култура на Грција соопшти дека молњата не предизвикала материјална штета на локалитетот, појаснуѕвајќи дека громот удрил во громобран поставен на Акрополот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1