Најдобар на теренот, катастрофален на „клупата“-Диего Марадона доби отказ од Ал Васл


 

Нов неуспех на Марадона на тренерската позиција. Денес му беше врачен отказ од неговиот клуб, Ал Васл.

Најголемата сензација, особено помеѓу тренерите на Блискиот Исток, Диего Марадона, по катастрофалната сезона во домашното првенство го доби долгоочекуваниот отказ, по само една година помината во клубот. Веќе месец дена во фудбалскиот свет на Блискиот Исток се зборува дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња (ако не и најдобриот) ќе биде набркан од менаџерското место на амбициозниот клуб. Богатите газди и бордот на директори денес пресече-Марадона не е веќе тренер на нивниот клуб. Ал Васл заврши далеку под очекувањата, на осмото место на табелата во првенството на Обидинетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Ал Васл загуби во финалето на клубскиот ГУЛФ куп, како и во четврт-финалето на купот на Емиратите.

Само за потсетување, аргентинскиот фудбалски бог, не се прослави ни како селектор на репрензетацијата на Аргентина на чие чело беше на Светското првенство во 2010-тата во Јужна Африка, испаѓајќи во четврт-финалето од Германија со 4-0.

По овие неуспеси може да се постави прашањето, дали е подобро Марадона да се откаже од своите менаџерски обиди и да ја сочува својата репутација или повторно ќе се обиде во некој друг клуб. И  доколку има некој клуб кој е заинтересиран за Марадона како тренер, би било поради неговите тренерски способности или поради комерцијални причини. Секако, Наполи не се вбројува во овие клубови. Во Наполи Марадона е светост. Дали Марадона и на 51 година е подобар како фудбалер или на тренерската позиција???

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1