Папата Франциск во дворот на Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории.
Една самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна и истакна дека кога се нашла во тешка животна ситуација заедно со нејзината ќерка била прифатена од Чесните сестри, иако е од православна вероисповед и упати благодарност до Чесните сестри и Светиот отец, додавајќи: Чесните сестри никогаш не настојуваа тоа да се смени или јас да ја променам верата. Тие се грижеа за нас, ни дадоа покрив над главата, разбирање и се што требаше.
По напуштањето на дворот на Спомен куќата на Мајка Тереза, Папата Франциск се упати кон плоштадот „Македонија” каде што чиноначалствуваше со светата Литургија, се движеше во својот папа-мобил и се поздравуваше со присутните верници.