Револуционерно: Градник кој 6 години однапред алармира за рак на дојка (Видео)


Милиони жени ширум светот секоја година се дијагностицирани со рак на дојка, а 400.000 од нив ја губат битката со болеста. Научниците сега се нудат нов метод во борбата против ракот – градник кој предупредува за појава на тумори.

Специјалниот градник кој може да детектира појава на рак дури шест години пред тоа да стане видливо на мамографија, е нов револуционерен чекор во борбата против ракот на дојка.
Комплексен софтвер ги следи промените во температурата на дојка, кои може да укажат на развојот на тумори, како и промените во составот на ткиво, пишува “Дејли мејл”.

Температурни промени и проширување на крвните садови укажува на развој на тумори. Сензорот ја праќа оваа информации на интернет, каде што податоците се анализирани од страна на алгоритам, а потоа испечатени на компјутерски екран или мобилен телефон.

Компанијата„First Warning Systems“ – “Систем за Прво Предупредување ” веруваат дека нивниот производ, во комбинација со редовно испитување, ќе допринесе значително да се намали стапката на жени кои ќе починат од рак на дојка.

Експертите велат дека сега мамографијата се користи како метод за откривање на рак, но таа не е непогрешлива. Покрај тоа, некои жени се загрижени за изложеноста на радијација.
“Smart” градникот во продажба треба да се најде следната година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1