ЕК предложи почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија


Европската комисија даде позитивен извештај за Република Северна Македонија. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот, му предложи на советот да даде датум за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија, за влез во ЕУ.

– „Со задоволство Северна Македонија и Албанија ја реализараа можноста за трансформација на нивниот правосуден принцип. Северна Македонија продолжи со амбициозната реформска агенда и се разреши спорот со името, договорот со Бугарија е пример за зацврстување на регионалната соработка, што е светол пример. Двете земји ги имаат испорачано реформите. ЕК предлага советот сега да го отвори датумот за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија“ порача Хан.

Србија и Црна Гора треба да продолжат со реформи во правото, нагласи Хан и додаде дека тоа е предуслов за овие земји да продолжат со европските перспективи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1