Станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред 7 дена на гинеколошкото одление во охридската општа болница при што родила здраво женско бебе.
После породувањето била задржана на одделението. Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка , а откако било утврдено дека таа се наоѓа во живото загрозувачка состојба итно била префрлена на клиниката во Скопје, каде по три дена починала.
Исклучена е гинеколошка компликација кај родилката од Охрид, која пред неколку дена почина на скопските клиники. Ова го соопшти денеска Јавната здравствена установа Општа болница Охрид по направената мултидисциплинарна ревизија на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
– На 11 јуни во 4 часот на Гинеколошкото одделение во Охрид примена е пациентка првородка со прснат воденик во термин за породување. Пациентка на 29-годишна возраст со хронична системска болест Lupus и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез и добиен жив женски плод 2.130/46 во добра состојба, информираат од охридската болница
Според соопштението, оперативниот и ран постоперативен тек бил уреден.
– Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката, а резултатот добиен од Центар за јавно здравје – Охрид покажува дека е стерилен, појаснуваат во соопштението.
Новороденчето, како што е наведено, се наоѓа во охридската Болница и е здраво и во добра општа состојба.