Жерновски и Адеми ќе го убедуваат УНЕСКО Охрид да остане светско културно наследство


Делегација на Владата на Република Северна Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која уште се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски.

Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот Др. Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан. Делегацијата на Република Северна Македонија ќе оствари средби и со колегите од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.

За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО , Владата на Република Северна Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1