Поевтин роаминг: Појдовен повик 4.31 денар, дојдовен 2.46, мегабајт интернет 1,54 денари


Од денеска стартува поевтиниот роаминг со земјите од регионот. Намаленото „ало“ ќе важи за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Од Агенцијата за електронски комуникации потврдуваат дека поевтинувањето е 90 проценти и оти во текот на денот ценовникот ќе го објават на нивната официјална страница.

За појдовен повик намалувањето е 95 проценти, за дојдовен 93, за СМС 87 проценти и повеќе од 90 проценти за интернет услуги. Тоа значи дека појдовен повик ќе ве чини 4.31 денар, дојдовен 2,46 денари, а еден мегабајт интернет 1,54 денари. На овие цени се додава и ДДВ. Цените се фиксни за сите оператори – објаснува за Пресинг ТВ директорот на АЕК Сашо Димитријоски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1