До денеска се пријавиле 65.000 граѓани за поврат на ДДВ, а наредната недела се очекува оваа бројка да достигне и до 100.000 граѓани, кои ќе ја користат апликацијата „Мој ДДВ“, објави премиерот Зоран Заев.
Очекува деновиве апликацијата да почнат ја користат и оние граѓани кои имаат мобилни телефони Ајфон. Граѓаните досега имаат прокнижено сметки во износ од 120.000 евра или тоа се околу 7,5 милиони евра поврат на ДДВ.
-Според нас, според очекувањата е подобро од тоа што очекуваме. Граѓаните ќе одиграт значајна функција во делот на отклонување на сивата економија при неплаќањето на данокот на додадена вредност, од страна на компаниите, заради тоа што не издавале фискални сметки. Квалитетни пари ќе дојдат од граѓаните и тоа околу 50 милиони евра, рече Заев.
На бизнис секторот му порача дека неплаќањето на данокот е кривично дело, а освен граѓаните коишто со Мој ДДВ ќе бараат фискални сметки, во текот на овој период на терен ќе бидат и инспекторите. Целта им е, рече, да ја отстранат сивата економија на елегантен начин.
-Овие месеци пред нас ќе влеземе со уште неколку мерки поврзани со сивата економија, коишто ќе носат огромен бенефит за работниците и пензионерите. Сите ќе учествуваат во едни такви проекти, рече Заев.