Јавна покана за лидерска средба в петок до Мицкоски, Ахмети и Села упати премиерот Заев .
Тој очекува власта и опозицијата на оваа средба да постигнат консензус околу изборниот законик, законот за јавното обвинителство и за пописот, како приоритетни пред одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.
Премиерот изјави дека власта е подготвена за избори во секое време, но во однос на условувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека прифаќаат единствено лидерска средба за предвремени избори, Заев вели дека сепак останува на ставот за редовни избори
Заев не исклучува дека на лидерската ќе се отвори и темата за изборите, но очекува договор пред се за приоритетните прашања. Носењето на законот за јавното обвинителство како што рече е во интерес на државата и на владеењето на правото, во однос пак на членот 105 од законот, истакна дека лидерите не се тие кои одлучуваат за судбината на предметите на СЈО.