Ристовска: Не се чувствувам како „колатерална штета“, сите што се огрешиле пред законот да си одговараат


Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска денеска на прес конференција во име на СЈО порача дека сите што се огрешиле пред законот мора да си одговараат без разлика за кој се работи.
Таа ова го порача во одговорот на прашањето дали таа се чувствува како колатерна штета бидејќи е нарушен интегритетот на СЈО.
-Не се чувствувам како колатерна штета, затоа што стојам зад она што го работам, а и така велам дека треба да се работи, рече Ристовска и додаде дека не е нарушен интегритетот на СЈО, бидејќи истрагите се водени според законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1