(ВИДЕО) Јанева: Должноста ја немам злоупотребено, случајот транспарентно да се расчисти


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по една недела молк и криење, денеска се појави во просториите на СЈО.

Во изјава за медиумите Јанава истакна дека го охрабрува обвинителството да го расчисти случајот „Рекет“ до крај.

-Од моментот на мојот избор, бев цел на различни озборувања и инволвирање на политичките партии и нивните препукувања. Не се жалам, свесна бев дека секојдневно ќе бидам цел на напад. Функцијата која ја имам е чест и одговорност. Дозволете да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч.

Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила положбата која се уште ја извршувам.

Се познавм со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува. Не само лицето Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребуваат моето име за различни цели, рече Јанева.

Таа по кусата изјава си замина и не сакаше да одговори на новинарските прашања.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1