Порталот Либертас попладнево објави дека нивниот соработник – новинар Зоки Фаци и Хелена Роза доживеале сообраќајна несреќа и Зоки починал, а Хелена е повредена – ОВАА ВЕСТ Е ДЕМАНТИРАНА.
Хелена и Зоки се живи и здрави. Зоки пред некоја минута на својот профил напиша
,, живи сме, здрави сме, ни се дупна гума, излетавме од патот и се е ок – без паника,,
Уредникот на Либертас се огради од веста – тој денеска не е на работа, а кога слушнал за објавената вест веднаш поднел оставка. На својот профил напишал – веста за зоки не е вистина, а зошто е објавена прашајте го Кабранов – јас како уредник до денеска целосно се оградувам од неа,,
Дефинитивно давам оставка – неможам да останам после ваква објава,, ни изјави Владе Ѓорчев, досегашен уредник на Либертас.
Веста предизвика револт и осуда кај читателите кои наголемо коментираат дека порталот во обид да има екслузивен наслов и читатели комплетно ја изгубил довербата, посебно што станува збор за вест во врска со нивен соработник. Инаку Зоки и соработува со овој портал, па можеле да ја проверат веста со едноставен повик до неговиот мобилен телефон.
Порталот Либертас беше пренесен од неколку други портали, а веста е објавена на следниот начин –
Во тешка сообраќајна несреќа која се случила пред половина час на патот Велес-Штип најверојатно животот го загубил тв водителот Зоран Василевски-Фаци додека тешко повредена е Хелена Роза, обајви порталот Либертас. Како што пренесуваат од порталот, автомобил од марката Рено Канго со жолта боја излетал од патот кај месноста Сарамзалино, штипско.
Во него очевидец ги препознал Зоки Фаци и Хелена Роза. Сега за сега нема потврдни информации околу трагичниот настан, но се претпоставува дека тв водителите итно се префрлени во гратската болница во Штип.
ПОВТОРУВАМЕ ЗОКИ И ХЕЛЕНА СЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ – ВЕСТА Е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА!!!