Трагедија во Србија – бебе починало додека пиело млеко


Едногодишниот Стефан Н. од Србија починал во семејниот дом во моментот додека во уста го држел шишето со млеко. Телото е испратено на обдукција.

Стефан Н. починал во неделаа напладне додека пиел млеко во семејниот дом во Сонта кај Апатин, а како што дознава Курир.рс, постои сомнение дека на момчето му се слошило поради воспаление на цревата.

Во моментот кога на момчето му се слошило во семејниот дом, покрај него била неговата бремена мајка Сабрина Н.

Стефан седел покрај мајка му и пиел млеко од бебешко шише. Меѓутоа, во еден момент се загрцнал и почнал да кашла и да се гуши. Мајката скокнала, се обидела да му помогне, но на бебето почнало да му тече млеко низ нос и уста.

Набрзо стигнала Брза помош која за жал можела само да констатира смрт, па за се била известена полицијата со цел да се изврши увид. Телото на починатото дете било испратено во Нови Сад на Институтот за судска медицина, каде обдукцијата ќе покаже точна причина за смртта. Лекарите претпоставуваат дека ваков исход може да настапи и од пукање на слепо црево.

Како што раскажале соседите на семејството за Курир.рс, таткото на детето, Кристијан Н. во моментот на несреќата не бил дома, туку во Унгарија каде што работи.

Станува збор за сиромашно семејство, кое скоро и да живее од социјална помош. Кристијан отпатувал во Унгарија за да работи, а Сабрина со трите деца останала дома. малиот Стефан бил најмал, миленик на цело семејство. Неговите браќа имаат 3 и четири години – рекле соседите.

Тие велат дека најпотресен момент било кога лекарите констатирале смрт.

-Таа падна на земја и почна да си ја кубе косата. Беше тешко да се гледа таа сцена, особено затоа што Сабрина е бремена. Цело време седеше покрај синот, многу потресно – додал соседот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1