Документарец открива дека принцот Ендрју учествувал во оргии со малолетнички


Секојдневно се зголемува бројот на доказите против помладиот син на кралицата Елизабета II , Ендрју , кој според сведочењата на неколку жени учествувал во оргии со малолетнички организирани од осудениот педофил Џефри Епштајн.

Принцот ги негира обвиненијата, но во неодамна отворените судски документи што се однесуваат на судењето на Вирџинија Робертс Џуфре против Џислаин Максвел, десна рака на Епштајн, таа, наводно, „средувала“ малолетнички и за него, открива новиот документарен филм на британскиот Канал 4.

Џуфре тврди дека Епштајн започнала сексуално да ја злоставува кога имала 16 години. Таа вели дека му била понудена и на принцот Ендру, со кого била присилена да има секс во три наврати.

Таа на суд изјавила дека имало уште осум девојчиња за време на третиот сексуален однос со него, пишува „Дејли меил“.

„Бевме во оргија на приватниот остров на Епштајн“, рече Вирџинија, додавајќи дека во тоа време имала 18 години, а другите девојки биле подеднакво млади.

Таа рече дека Епштајн се шегувал дека поради јазичната бариера, девојчињата биле „најлесни за манипулирање“.

Принцот Ендру со години бил пријател со Епштајн. На новинарско прашање дали е свесен за своите злосторства, тој во официјалната изјава рекол дека е „шокиран“ од обвиненијата и нема поим за нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1