Возачот на камионот во кој загинаа 39 лица на суд не покажал никаква емоција


Возачот на камионот со замрзнувач Морис Роинсон, кој е обвинет за смртаа на 39. луѓе во Англија, испитуван во суд.

Робинсон бил испуван преку видеолинк од притвор. Додека му се читале 43. точки од тужбата една по една, обвинетиот не покажал никаква емоција, пишува Дејли Меил.

Тој е обвинет за смрт на 39. лица, а една точка од обвинувањата го товари за перење пари, а две за криумчарење луѓе.

Обвинителот навел дека Робиснон од декември минатата година бил вмешан во меѓународен ланец на префрлување голем број илегални мигранти во Велика Британија. Голем број луѓе вмешани во ова злосторство, како што рекол, и понатаму се на слобода.

Испитувањето на Робинсон траело пет минути, а обвинетиот одговорил само на три прашања кои е однесувале на името, адресата и местото на раѓање. На сите останати прашања не сакал да одговара. По одлуката на судот, останува во притвор до следното сослушување на 25. ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1