Шкотска ќе одржи референдум за независност и отцепување од Британија


Првпат по 305 години од создавањето, Британија ќе се соочи со можноста да се распадне. Британскиот премиер Дејвид Камерон и шкотскиот прв министер Алекс Салмонд денеска во Единбург потпишаа договор за одржување референдум за независност на Шкотска.

Референдумот ќе се оддржи во 2014 година и на него гласачите ќе се определуваат за едно прашање, како што тоа го бараше Владата во Лондон, а не на две, на што инсистираше Салмонд , како гласачи, првпат во историјата, ќе се појават и младите од 16 и 17 години, на што посебно инсистираше СНП во преговорите со британската Влада.


Доколку сега би се оддржал референдумот, само една третина од Шкотланѓаните би гласале за отцепување, но се верува дека во следните две години состојбата може да се промени, па се очекува тешка битка за зачувување на целовитоста на Велика Британија – повеќе од половината од шкотските гласачи сметаат дека нивната земја би требало да добие повеќе овластувања за својот Парламент.

Шкотска сега одлучува за сите прашања, освен за даночната и надворешната политика и за одбраната.
На референдумот ќе има само едно прашање  – дали сакаат да ја напуштат Велика Британија?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1