Молете бога да немаме ладна зима, ако сакате мали сметки – ЕВН нема намера да ја намали цената


Штедете енергија за да не увезуваме струја од надвор советуваат од ЕВН. Како што сооптшија од компанијата, пртходната корекција на цената на струјата е доволна за покривање на трошоците на компанијата, изјави директорот на Управниото одбор Вернер Хангст.

Но пак ќе се соочиме со ново поскапување на цената на струјата ќе зависи од тоа каква ќе ни биде зимата.

-Нашата компанија има обврска да ги надомести сите недостатоци на електрична енергија, доколку има недостаток на струја да се обезбеди од надвор, изјави Вернер Хангст.

Од ЕВН уште еднаш потврдија дека нема да се врати евтината тарифа.Тие ја подржија одлуката на регулаторната комисија за енергетика, да се укине ефтината тарифа со образложение дека во тој период од еден до четири часот попладне струјата била најскапа на пазарот, а сите се стремиме кон тоа да ја користиме електричната енергија, но кога таа е со пониска цена.

За што порационално користење на струјата Министерството за економија заедно со ЕВН Македонија, ја почнаа платформата за енергетска ефикасност , која ќе има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните и компаниите поразумно да ја користат струјата.

-На овој начин домаќинствата ќе го намалат својот семеен буџет, ќе се намали потребите за увоз на струја, а компанниите ќе го намалат трошоците и ќе станат поконкуренти и поефикасни во своето работење, изјави Министерот за економија Ваљон Сараќини.

Ценатата на енергијата на светските берзи расте и тука не може ништо да сенаправи, додаде Сараќни.

Според Стратегијата за енергетска ефикасност до 2018 година се плнира 400 милиони евра да се инвестираат во енергетсика ефикасност, а со тоа држвата би заштедила 850 милиони евра.

Македонија како потписник на Атинскиот меморандум има обрска да заштеди најмалку 9 проценти енергија до 2018 година.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1