Срцето на Тоше затрепери, па се смири – Др Гргиќ се сеќава на кобното утро


,,Тоше воопшто не почувствувал болка. Патологот потврди дека смртта била моментна. При транспортот до болницата неговото срце кратко време работело, а потоа, за жал, престанало да чука,, – со тага се присетува д-р Тереза Гргиќ

 Др Гргиќ која била дел од тимот што ги организирал приемот, прегледот и испраќањето на телото на Тоше, во интервјуто на новинарката Соња Алексоска-Неделковска за Дневник со тага се сеќава на утрото – 16 октомври.

Пренесуваме дел од интервјуто.

– Тето, се случи страшна несреќа, загина Тоше Проески. На радио велат дека е донесен во болницата во Нова Градишка, кај тебе. Тоа е она прекрасно македонско момче, кое пее фантастично – возбудено и соопштил внукот во телефонски разговор утрото на 16 откромври.

Гласот му трепереше, се сеќава д-р Гргиќ.

– Само што го завршивме разговорот, заѕвони телефонот во ординацијата. Ме повикаа во итната медицинска помош со зборовите „имаме тело на покојник, кој настрада во сообраќајка“. Kој загина, ги прашав. Ми одговорија – Тоше Проески.

Вака цитологот д-р Тереза Гргиќ ја почнува приказната за утрото на 16 октомври пред пет години, кога била дел од тимот што ги организирал приемот, прегледот и испраќањето на телото на Тоше.

Достоинствено збогување

Обдукцијата констатирала целебрална смрт по која срцето кратко продолжува да чука.

– Тоше воопшто не почувствувал болка. Патологот потврди дека смртта била моментна. Тој млад човек не страдал. При транспортот до болницата неговото срце кратко време работело, а потоа, за жал, престанало да чука – со тага се присетува таа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1