Токсичен отпад се согорува во куќа со високи ѕидови во Сарај


Невладините организации со месеци предупредуваат дека во скопски Сарај се согорува токсичен отпад, а процесот на согорување на отровите се вршел во голема подземна просторија во населбата, во куќа со високи ѕидови и голем двор.

Таму, неофицијално, била сместена печка за спалување на хемиски отпад со високо ниво на токсичност, кој во одредени услови придонесува за добивање на канцер, главоболки, халуцинации, губење на свеста или нагло паѓање на имунитетот.

Екипа на телевизија „Алфа“ беше на терен, а граѓаните пред камерите се пожалија дека чувствувале лоша миризба, но не знаат од каде доаѓала. Се сомневаат дека била од околните куќи, зашто според нив, смрдеата се ширела до Ѓорче Петров.

– Тешко се дише, особено ноќе. За тоа избегнуваме да ги носиме децата надвор, се пожалија жителите на Сарај.

Жителка од Ѓорче Петров за „Алфа“ вели дека скоро секоја вечер се чувствувал ужасен мирис на хемикалии слични на канализација, проследено со гребење во грлото и солзење на очите.

– Има еден мирис што деновиве се шири во околината. Едноставно катастрофа, ова што го дишиме мириса на канализација, на некакво согорување, али не знаеме од каде иде. Мирисот се осеќа и преку мостот, тоа е страшно, се жалат граѓаните пред камерата на ТВ Алфа.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и натаму стои на ставот дека во Македонија не се согорува радиоактивен отпад увезен од странство.

Постојат четири различни студии за загадувањето кои укажуваат дека во скопскиот агломерациски регион, во Битола и во Тетово, најголем извор на загадување е домашното затоплување, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

И додека земјава мака мачи со загаденоста, на терен нема доволно инспектори кои ќе ги детектираат загадувачите. Граѓаните масовно се жалат дека државата не прави доволно за да се намали загадувањето,кое на голема врата тропа во пресрет на зимата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1