Видео: Почина Чехот кој 6 месеци живееше без срце – му откажал црниот дроб


Почина триесет и седумгодишниот Чех, Јакуб Халик кој по уникатна операција во прашкиот Институт за клиничка и експериментална медицина (ИКЕМ) живееше повеќе од половина година со специјални пумпи наместо срце.
Младиот пожарникар, кој се сметаше за медицински феномен и кој чекаше на на соодветен донатор за да добие ново срце починал поради откажување на црниот дроб.

,, Знаеме дека причината за смртта е откажување на црниот дроб, но сеуште не знаеме зошто тоа се случи. Резултатите ќе ги имаме за 2 недели, но она што сега го знаеме со сигурност е дека причина за смртта не се вградените пумпи,, изјави кардиохирургот Јан Пирк коиј го оперираше Јакуб.
Неговото срце мораше да биде извадено поради раширен тумор кој го опфатил целото срце, и наместо тоаму беа вградени две специјални пумпи.

Внимание – видеото содржи експлицитни фотографии !!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1