Добар бизнис: Очувот ја продавал, а таа по свадбата им бегала на зетовците


Малолетната Бугарка била продавана за одредена сума на пари како невеста, но непосредно по венчавката бегала дома, по што за нејзе било барано нов купец.


Во северозападна Бугарија, еден 45 годишен жител од покраината Правца, ја продавал девојката како невеста и тоа неколкупати. Тој од венчавките направил вистински бизнис.

Измамата е откриена кога на невестата и се допаднал последниот маж и одбила да се врати кај очувот, а тој го пријавил последниот случај во полиција, велејќи им на надлежните, дека девојката била киднапирана.

Полицијата ја пронашла девојката по само неколку часа и наместо да ја вратат, таа се им открила.
Измамата била откриена подоцна, поради тоа што на претходните младоженци им било срам да пријават дека сопругата им побегнала. По изненадувачката љубов, невестата е вратена дома, а полицијата се обидува да ги пронајде измамените младоженци.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1