Корисниците на мобилната телефонија од сите 3 мобилни оператори нема да можат да остваруваат повици со скриен број. Почна да се применува новата законска обврска од АЕК.
Целта е да се заштитат корисниците од анонимни јавувања, чиј број според статистиката е се поголем.
Новите при-пеид корисници ќе мора да се идентификуваат или во салоните или преку смс, интернет или повик до операторот T-mobile, VIP или ONE, во спротивно купената картичка нема да се активира.
оние кои веќе имаат купено број исто ќе мора наскоро да се идентификуваат. Мобилниот оператор преку порака ќе ги извести своите корисници за новата законска обврска.