Сестрите Митевски прошетаа на уште еден црвен тепих



Многу медиуми известуваа за настанот, а Јутарњи лист пренесе и голем текст за актерката Викторија Абрил и филмот “Жената која ги избриша своите солзи”

Анџелина Џоли дојде на Сараевскиот филмски фестивал заедно со три од децата, и замина по само еден ден, без помпа и без појавување на црвен тепих.

Но затоа на сараевскиот црвен тепих прошетаа сестрите Теона и Лабина Митевски со актерката Викторија Абрил, со Каелиок – синот на Теона кој игра во филмот, и нивниот брат Вук Митевски, кој беше задолжен за продукцискиот дизајн.

Многу медиуми пишуваа за нивната посета на Сараево и премиерата на филмот “Жената која ги избриша солзите”, меѓу кои и угледниот Јутарњи лист, со голем текст. Јутарњи пренесува дека Лабина ја поканила Абрил десет пати да дојде на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола, и таа се согласила по десеттиот пат, и тоа да дојде на еден ден, но останала цела недела. По шест месеци и ја понудиле улогата.

“Бев шокирана. Се сеќавам дека ги прочитав првите две страници и не можев да верувам. Нервозно влегував и излегував на балконот, пушев цигари една по друга и си велев: Ова не е можно! Не можев да верувам дека толку многу може да се случи во првите две секвенци кои речиси и немаат дијалог. Веднаш и се јавив на Лабина и и реков – се согласувам!”, вели Шпанката Абрил. Таа вели дека ова и било најтешка улога, а кажува и прекрасни зборови за Македонија, Охрид, здравата македонска храна…

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1